Кампањи

Со своите промотивни кампањи, Инаква уште од самиот почеток најави дека е вистински инаква вода од сите останати на пазарот и привлече внимание и на домашниот пазар и на интернационалните фестивали. За својата кампања Разбуди ја природата во себе, Инаква влезе како финалист на интернационалните фестивали Golden Drum (Порторож, Словенија) и на Epica (Романија), а дизајнот на шишето ќе биде објавено во новото интернационално дизајнерско списание... И во 2005-та доби специјална награда за најдобра кампања на производ во Македонија – Сонце на Годината, под покровителство на Министерството за економија на РМ.

Кликни и влези во поединечните типови на промоциски материјали

Лавица, финалист на Голден Драм 2004

Спонзорства

INAQVA е вода за Милионерите, за Музичарите, за спортистите, за младите, децата и возрасните. За сите кои сакаат да живеат здраво, да се соживеат со едно посебно, едно инакво чувство во една толку обична работа каква што е пиењето вода.

за инаков ден – Инаква е тука

  • Инаква со Трендо и Милионер – веќе 2,5 години ги освежува сите македонски мозоци кои седнаа на жешкото столче за да ги освојат магичните 3 милиони денари.
  • Инаква со Зорица Црношија во Рафинерија – во најновата најурбаната и најзабавната емисија за најдобрите светски реклами – најинаквата вода во друштво со најсимпатичната млада дама на македонските екрани.
  • Инаква со Македонската филхармонија – освежени со Инаква секогаш свират подобро.
  • Инаква со младите надежи – со Ивана Ристова, единствената млада пијанистка, студент на престижниот Roosevelt University of Chicago, следната голема ѕвезда на македонската сериозна музика.
  • Инаква со младите (журките на Баланс, на Евент).
  • Инаква со љубителите на џезот - на Скопје Џез Фестивал.
  • Инаква за децата – со Минибаскет лигата.
  • Инаква со Мирјана Симоновска - балканска шампионка во параглајдинг 2003, 2004, 2005.
  • Инаква со Олимпијците - како официјален пијалак на македонската репрезентација на Олимписките игри во Атина 2004.
  • Инаква во модата – на Fashion Week.
© INAQVA 2006